logo
logo
logo

Европската перспектива на овој регион НЕ Е САМО СОН, ТУКУ И РЕАЛНОСТ, рече Милатовиќ

Vecer | 31.03.2026

Европската перспектива на овој регион НЕ Е САМО СОН, ТУКУ И РЕАЛНОСТ, рече Милатовиќ

„Како земја предводничка во преговорите со ЕУ, Црна Гора силно го поддржува европскиот пат на Северна Македонија. Оваа држава во нас секогаш ќе има голем сојузник и голема поддршка. Знаете дека Црна Гора си постави амбициозна цел, но сметаме дека е остварлива да станеме 28. држава членка на ЕУ во 2028 година. На тој начин ќе покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност“, рече шефот на црногорската дипломатија

„Целосната интеграција на Балканот е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и која што е целосна. Регионалната соработка е не само наша обврска, туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, не се разбираме меѓусебно, сами си го отежнуваме патот кон ЕУ“, кажа претседателката Сиљановска-Давкова

Доаѓам како пријател кај пријатели, како брат во една братска држава, рече црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ на почетокот на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова откако претходно со највисоки државни и воени почести беше пречекан во Вилата „Водно“.

„Нашите две држави ги поврзуваат искрено пријателство, меѓусебна почит и заедничката посветеност кон европските вредности. Нашите билатерални односи веќе две децении се пример за добрососедска соработка во регионот. Затоа денеска оттука, од Скопје, јас и претседателката испраќаме пораки за регионална соработка и добрососедска поддршка. Го цениме фактот дека Северна Македонија беше меѓу првите држави што ја признаа Црна Гора и тоа стана цврст темел за развој на нашите билатерални и дипломатски односи“,

рече тој.

Шефот на црногорската држава рече дека годинава се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи со С Македонија.

Посебно место во односите меѓу двете земји зазема и европската перспектива, при што додаде дека Црна Гора силно го поддржува европскиот пат на државата.

„Како земја предводничка во преговорите со ЕУ, Црна Гора силно го поддржува европскиот пат на Северна Македонија. Оваа држава во нас секогаш ќе има голем сојузник и голема поддршка. Знаете дека Црна Гора си постави амбициозна цел, но сметаме дека е остварливо да станеме 28. држава членка на ЕУ во 2028 година. На тој начин ќе покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност“,

кажа Милатовиќ на заедничката прес-конференција со Сиљановска-Давкова.

Црногорскиот претседател забележа дека економската соработка меѓу двете држави е под потенцијалот бидејќи, како што рече, трговската размена изнесува околу 60-ина милиони евра, а може да биде значително повисока, од барем сто милиони евра.

Според него, заедничките иницијативи ќе придонесат за оваа цел, најавувајќи за утре средба со бизнис-заедницата.

Најави дека Подгорица ќе го разгледа и прашањето за воспоставување авионска линија меѓу двете земји.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека со Милатовиќ потврдија оти земјите се извонреден пример за регионално добрососедство, добар пример на соработка и внатре во рамките на НАТО-сојузот, а денешната средба уште повеќе ја зацврстува довербата.

„Она што за двајцата денеска беше ново, важно и инспиративно е потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу младинските совети и очекувам да внесе свежина и креативност во нашите односи“,

рече таа.

Според неа, заедничката визија е стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, а Самитот ЕУ–Западен Балкан што ќе се одржи во Црна Гора, додаде дека е доказ оти прашањето за членство на регионот не е само прашање поврзано за иднината, туку прашање што треба и може да стане реалност.

„Целосната интеграција на Балканот е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и којашто е целосна. Регионалната соработка е не само наша обврска, туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, не се разбираме меѓусебно, сами си го отежнуваме патот кон ЕУ“,

вели претседателката.

Посочи дека на средбата повторно го реафирмирала принципот познат како Копенхашки критериуми и повикала нашето чекорење кон ЕУ да биде во рамките на она што се нарекува европско уставно право бидејќи еден преседан, доколку се храни, ќе отвори или ќе создаде плодна почва и за нови преседани.

„Значи, повторувам, не постои европско право за малцинства. Во ЕУ има многу големи држави, кои дури не ја потпишале Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Во ЕУ има држави, и тоа повеќето, кои немаат ниту еден збор во Уставот за малцинствата, имаат само антидискриминаторна клаузула дека сите луѓе се еднакви, без оглед на било каква припадност, па и етничката. Она на што инсистирам се еднакви стандарди“,

кажа таа.

Новина за нашиот пат кон ЕУ, според неа, е изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Софија, за потребата од гаранции со оглед на неможноста да се предвиди што може да се појави во напредокот надвор од Копенхашките критериуми и надвор од она што ЕУ го

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk