logo
logo
logo

Мицкоски: Судиите со 2% рејтинг - ТРЕБА ДА СИ ЗАМИНАТ ДОМА

Vecer | 13.10.2025

Мицкоски: Судиите со 2% рејтинг - ТРЕБА ДА СИ ЗАМИНАТ ДОМА

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека по локалните избори ќе се знае каква акција ќе се преземе за прочистување на судско-обвинителскиот систем. Вели дека судиите со два процента рејтинг треба да си заминат дома.

-Да почекаме да завршат локалните избори и ќе видите какви чекори ќе преземеме. Со два проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет. Не се сите такви, да се разбереме, таму има неколкумина измеќари кои го контаминираат целото обвинителство и судство. Кога јас би имал два проценти рејтинг би си заминал, нема да се занимавам со ова што се занимавам“, кажа Мицкоски по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања. 

Премиерот претходно во повеќе наврати најави дека ќе се спроведе решителна акција по локалните избори за прочистување на судско-обвинителскиот систем

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk