logo
logo
logo

Боки 13: Не, не, не морам пак во затвор

Vecer | 14.10.2025

Боки 13: Не, не, не морам пак во затвор

Македонскиот водител Бојан Јовановски – Боки 13 објасни дека пресудата од пет години е дел од редовен процес и дека не се враќа во затвор…

По објавувањето дека Боки 13 е осуден на пет години затвор по случајот за измама и перење пари, тој се огласи за медиумите. Водителот објасни дека станува збор за стар случај од 2022 година, кој беше поништен и вратен на повторно судење.

Добро сум. Тоа е за оној стар случај, какви осудени? Случајот беше поништен, па сега го намалија. Прво бев осуден на девет години, па намалија на пет. Сега е на апелација и тоа не е ништо ново,“ изјави Боки 13.

На прашањето дали мора повторно да оди во затвор, тој кратко одговори:

Не морам пак, не, не, не. Тоа е старо и така се продолжува процесот.“

Со ова кратко, но јасно објаснување, Боки 13 ги смири јавните шпекулации и потенцира дека неговата состојба останува непроменета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk