logo
logo
logo

Николоски бара Филипче да каже како ги регистрирал фирмите во Петрич

КАКО СЕ ПРАВИ ПРОФИТ ОД ДОКТОРСКА ПЛАТА?

Vecer | 05.10.2025

КАКО СЕ ПРАВИ ПРОФИТ ОД ДОКТОРСКА ПЛАТА?

Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната посета на струмичкиот крај и општини кои се дел од изборна единица 4.

– Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства – рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk