logo
logo
logo

ДРВО ПИЈАН возач во Пробиштип - удрил во дрво

Vecer | 03.06.2025

ДРВО ПИЈАН возач во Пробиштип - удрил во дрво

На 02.06.2025 во 23.55 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода М.К.(64) од Пробиштип.

Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво.

По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против М.К. ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk