logo
logo
logo

Општините да ги откажат планираните настани

ЗЕЛС: Да оддадеме почит кон загинатите со садење дрвја ширум државата

Vecer | 24.03.2025

ЗЕЛС: Да оддадеме почит кон загинатите со садење дрвја ширум државата

Управниот одбор на Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС) донесе заклучок со кој ќе препорача сите локални самоуправи да ги откажат или да најдат соодветна замена за планираните јавни настанати. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода вели дека еден од прифатливите предлози за замена на планираните јавни настани е садење дрвја во чест на загинатите во пожарот во Кочани.

Донесовме заклучок како ЗЕЛС сите оние јавни настани кои биле планирани од страна на локалната самоуправа во наредниот период нашата препорака е до градоначалниците, до директорите на училиштата до директорите на јавните установи да бидат откажани или да се најде соодветна замена за начин на интерпретација на тие настани. Еден од предлозите беше во чест на жртвите, оние млади лица кои ги изгубија своите животи, за жал, да бидат засадени дрвја во наредниот период, ширум државата. На тој начин да оддадеме почит кон нив“, рече Ѓорѓиевски.

Тој денес извести дека во вонредните надзори во училиштата, градинките и сите јавни објекти во кои се собираат деца и млади ширум земјава, иницирани по пожарот во Кочани, е утврдено дека тие се безбедни. Во следниот период најави вонредни инспекции во сите станбени згради.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk