logo
logo
logo

ДЕТАЛИ- ДВАЈЦА ПРИВЕДЕН, третиот се знае кој е, НО Е ВО БЕГСТВО, убиениот е управител на фирма

Vecer | 20.08.2024

ДЕТАЛИ- ДВАЈЦА ПРИВЕДЕН, третиот се знае кој е, НО Е ВО БЕГСТВО,  убиениот е управител на фирма

Тројца напаѓачи учествувале во денешната престрелка кај ТЦ Мавровка во Скопје, а двајца од нив веќе се приведени. Според неофицијални информации од местот, напаѓачите пукале во жртвата, а потоа од неговиот автомобил одзеле повеќе предмети, меѓу кои и лаптоп-компјутер. По ова тие побегнале. Неофицијално, застреланиот е В.Е, управител на фирмата Мителмонт, дознава Алсат.

Официјалните информации од полицијата се дека денеска во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.

„Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk