Измина една недела од изборниот дебакл на Венко Филипче и на СДСМ, со којшто спаднаа на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје, рече денеска Валентон Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Иако по историскиот пораз минатата недела Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак сè уште јавно ништо нема. До нас стигнаа информации дека Филипче имал проблем со формирање ново раководство, поради тоа што СДСМ поради Филипче и неговиот ментор Заев спадна на едвај 120.000 гласови. Јавно прашуваме, дали е точна информацијата дека на Филипче му одбиваат функции во СДСМ луѓе кои важеле за големи поддржувачи на СДСМ и поранешни активисти – праша Манасиевски.
Дали некои од тие луѓе, додава Манасиевски, не сакале да бидат дел од раководството на СДСМ затоа што не го сметаат Филипче за нивен претставник?
– Ова што му се случува на СДСМ не му го посакуваме никому. СДСМ важеше за партија со историја, кредибилитет и со квалитетен кадар. Меѓутоа, она што Заев, Ковачевски и Филипче му го направија на СДСМ се должи на ароганцијата и предавствата што ги направија – рече Манасиевски.
Тој апелира за итни реформи во СДСМ и оставка на Филипче.
– На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Венко Филипче на чело – потенцира Манасиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата