logo
logo
logo

Нема ден поминат во Чаир

Бујар Османи бил 3.672 дена на високи државни функции, СОПРУГАТА ВО АЕК, СЕСТРАТА ВО М-НАВ, БИЗНИСОТ НА БРАТОТ НАПРЕДУВА

Vecer | 01.10.2025

Бујар Османи бил 3.672 дена на високи државни функции, СОПРУГАТА ВО АЕК, СЕСТРАТА ВО М-НАВ, БИЗНИСОТ НА БРАТОТ НАПРЕДУВА

Во политичката кариера на Бујар Османи нема резултати за граѓаните на Чаир, рече денеска Сабри Азири, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на  Чаир од коалицијата Вреди, Изет Меџити.

Според Азири, Бујар Османи поминал 3.672 дена на високи државни функции, и тоа како вицепремиер и министер.

Министер за здравство (27 јули 2008 – 28 јули 2011) → 1.096 дена

Вицепремиер за европски прашања (31 мај 2017 – 30 август 2020) → 1.187 дена

Министер за надворешни работи (30 август 2020 – 23 јуни 2024) → 1.389 дена

Претседавач со ОБСЕ (1 јануари 2023 – 31 декември 2023) → 365 дена

– Вкупно: 10 години и 22 дена на министерски и извршни позиции. Но, во текот на сето тоа време, ниту еден ден за чаирчани – нагласи Азири.

Тој посочи неколку факти кои, според него, ја покажуваат хипокризијата на Османи.

– Нула дена за чаирчани – два дена со Сергеј Лавров во Скопје. Нула дена за чаирчани – една недела со Никола Груевски во Будимпешта. Нула вработувања за чаирчани – а  сопругата е вработена во АЕК, сестрата во М-НАВ, а бизнисот на братот на Османи напредува. Ова е реалниот биланс на Бујар Османи по повеќе од една деценија на власт. Затоа, денес тој нема образ да им ја побара довербата на граѓаните на Чаир – заклучи Азири.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk