logo
logo
logo

Студениот бран носи СНЕГ И МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО СИТЕ ГРАДОВИ

Vecer | 10.01.2026

Студениот бран носи СНЕГ И МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО СИТЕ ГРАДОВИ

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со мешани врнежи од дожд и снег во пониските делови, додека на повисоките места и планините ќе врне само снег. Метеоролозите најавуваат значителна промена во втората половина од денот. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе преминат во снег.

Се очекува формирање и зголемување на снежната покривка. Најобилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми за нови 20 сантиметри, додека во останатите места се очекуваат од 5 до 10 сантиметри нов снег. Температурите денеска ќе се движат од минимални -3 до максимални 8 степени.

Во Скопје слична слика – дождот и снегот од претпладнето, до крајот на денот ќе преминат во чист снег, со температури до 4 степени. Вистинската зима пристигнува од почетокот на следната недела. УХМР најавува засилен северен ветер и пад на утринските температури и под -10 степени, додека дневните ќе се задржат под нулата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk