logo
logo
logo

Почина Драги Гроздановски – поранешен директор на Агенцијата за разузнавање

Vecer | 21.03.2026

Почина Драги Гроздановски – поранешен директор на Агенцијата за разузнавање

Почина Драги Гроздановски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Оваа функција тој ја извршуваше во два наврати, во периодот од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година.

Гроздановски е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на парламентот. Тој е роден 1957 година во Битола. Завршил правен факултет и бил претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Погребот ќе биде извршен утре.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk