logo
logo
logo

Стоилковиќ е носител на листата на советници на ДПСМ за Куманово

Vecer | 14.09.2025

Стоилковиќ е носител на листата на советници на ДПСМ за Куманово

Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, ќе биде носителот на советничката листа на Демократската партија на Србите во Македонија за Општина Куманово за локалните избори во октомври. ДПС вчера ја достави листата на советници до Општинската изборна комисија, јавува мкд.мк

На листата на ДПС се и д-р Бобан Јаќиноввиќ, Рената Пандуровиќ, д-р Срѓан Ѓорѓевиќ, Владимир Митиќ, Александра Тасиќ, Бошко Тасиќ, д-р Гордана Николиќ, Мартин Величковиќ, и Роза Ташиќ.

„Братска листа. Сериозна листа. Јака листа. Со овие имиња се потврдија прогнозите дека оваа листа ќе биде сериозен играч на локалните избори во октомври. Тешката артилерија извадена последните два дена го потврдија тоа. Докторите Гордана, Фефе, Срѓан и Бобан, заедно со Рената Пандуровиќи, Бошко Тасиќ, Марко Трајковиќ и Симона Тоскиќ…, тука е и Горан Јовановиќ – Кебап… Со среќа на изборите“, велат од Демократската партија на Србите во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk