Партијата ЗНАМ денеска преку соопштение жестоко го нападна СДСМ велејќи дека е во „тотален распад на идеи, резултати, но очигледно и на нерви“.
Во соопштението се вели:
„Наместо да одговорат зошто четири години ништо не сработија, зошто премолчуваат на дивоградби кои никнуваат пред нивните очи, тие повторно се вплеткуваат во лаги, спинови и соопштенија напишани во нивните мувлосани партиски канцеларии, далеку од реалноста“ и се споменува проектот во населбата Крњево за кој немало јавна расправа, немало усогласеност со ГУП, немало транспарентност, туку само лаги, паника пред избори и фото-акции за спас на рејтингот.
„Господа од СДСМ, и сами да се тркате, ќе завршите на второ место. Ете, до толку сте неспособни!
И наместо да чистат депонии на пет дена пред избори, ги облекоа работниците во нови униформи, СДСМ треба да се исчисти сам од лагите, манипулациите и неуспесите што четири години ги затрупуваат граѓаните на Центар.
На 19 октомври, граѓаните ќе направат вистинско чистење – ќе го исчистат Центар од неспособноста на градоначалникот и локалната власт што мисли дека законот е нивна сопственост“, велат од ЗНАМ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата