logo
logo
logo

Трајков на средба со Хрицова: Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат

Vecer | 23.09.2025

Трајков на средба со Хрицова: Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска се сретна со амбасадорката на Република Словачка во нашата земја, Ивета Хрицова.

На средбата се дискутираше за напредокот на земјава во контекст на евроинтегративниот процес, како и прогресот кој е направен во однос на спроведените реформи во повеќе области. Беше нагласено дека Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат и дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков истакна дека Владата и понатаму посветено ќе работи на имплементација на неопходните реформи со цел исполнување на нашата стратешка цел-членството во ЕУ. При тоа, таа се заблагодари на силната поддршка и ангажман на Словачка во реализацијата на европските перспективи на земјава.

Во наредниот период, како што беше истакнато на средбата, ќе продолжат напорите за понатамошно продлабочување на македонско-словачката соработка на повеќе полиња со цел зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk