logo
logo
logo

Прв ваков објект во источна Македонија - започна изградба на Дом за стари лица во oпштина Зрновци

Vecer | 21.09.2025

Прв ваков објект во источна Македонија - започна изградба на Дом за стари лица во oпштина Зрновци

И од мое име би сакал да честитам на инвеститорот што се одлучува да инвестира во еден ваков објект овде во Општина Зрновци, којшто е прв ваков објект, практично они се пионери во Источна Македонија и мислам дека ова што тие денес го започнуваат ќе додаде вредност во квалитетот на животот на жителите во овие општини и генерално во Источна Македонија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Но, она коешто исто така сакам да го споменам е дека кога прв пат разговаравме на оваа тема со инвеститорите тие ме запознаа дека во минатото постоела слична ваква иницијатива, но за жал поради објективни, но и субјективни причини оваа инвестиција не била реализирана.

Се потрудивме и како Влада и градоначалникот, како Општина Зрновци да сториме се што е во наша моќ, нормално и во наши ингеренции да помогнеме тој процес да се забрза и денес да се радуваме на овој преубав ден, раѓањето на Пресвета Богородица да се создаде едно раѓање на еден нов објект којшто ќе значи долг живот за сите оние коишто ќе ги користат услугите на овој објект.

Уште еднаш честитки и благодарност до инвеститорот, ќе повторам, што одлучи дел од своите средства да ги инвестира токму овде, во Општина Зрновци, рече премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk