logo
logo
logo

Ако има интерес ќе се учи од петто одделение

ФРАНЦУСКИ ЌЕ СЕ УЧИ КАКО ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ

Vecer | 27.05.2025

ФРАНЦУСКИ ЌЕ СЕ УЧИ КАКО ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ

Дваесет и пет основни училишта од следната учебна година ќе имаат можност да го воведат францускиот јазик како изборен предмет во петто одделение, доколку кај учениците постои интерес за негово изучување. Ова е предвидено во анексот на меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Француската амбасада, што денеска го потпишаа министерката Весна Јаневска и амбасадорот Кристоф Ле Риголер.

За министерката Јаневска продлабочувањето на соработката за поголема промоција на изучувањето на францускиот јазик и унапредување на наставата по француски во македонскиот образовен систем е потврда на пријателството помеѓу двете земји, кое продолжува да се развива.

– Го поддржуваме изучувањето на францускиот јазик, имајќи предвид дека тој е меѓу најкористените јазици во глобалниот свет, како и тоа дека сме Влада која поттикнува јазична различност. Придобивките од познавање на јазици различни од мајчиниот, се повеќекратни. Тоа овозможува да се градат мостови помеѓу народи и култури, а јазичните вештини во денешно време се и суштински фактор за успешен настап на пазарот на трудот, како што се и дигиталните вештини – рече Јаневска.

За квалитетна и интересна наставата по француски јазик во петто одделение, Бирото за развој на образованието подготвува наставна програма за овој изборен предмет.

Фото: Министерство за образование

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk