logo
logo
logo

МИЦКОСКИ ЗА ДУИ: „Не ја владеат материјата“ - ЕСМ извезува струја во ноќе а увезува кога на берзата цената е нула

Vecer | 25.03.2026

МИЦКОСКИ ЗА ДУИ: „Не ја владеат материјата“ - ЕСМ извезува струја во ноќе а увезува кога на берзата цената е нула

Добро е што Демократската унија за интеграција (ДУИ) излезе од ретро политиките на политичарите од пред неколку децении и почнаа да се интересираат за реалните теми што ги интересираат граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ќи ги наодите на партијата дека ЕСМ од почетокот на годината увезла големи количини на струја и за тоа потрошила повеќе од 24,4 милиони евра.

Мицкоски рече дека сепак, ДУИ не „не ја владеат материјата“ бидејќи ЕСМ извезува струја во ноќните часови а увезува кога на берзата цената е нула.

– ЕСМ, односно поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќните часови извезува, односно продава на берзите околу 850 мегават часови што дневно на компанијата и носи додадена вредност меѓу 100 и 150 илјади евра- рече Мицкоски.

Инаку, додаде тој, да, постојат периоди од годината кога се увезува струја.

– Еве да речеме сега отприлика 12 часот и ако ја погледнете берзата ќе видите дека цената на струјата е нула или минус. И би било лошо како компанија, ако сега не преземаат електрична енергија од берзата кога е нула или минус и да речеме произведуваме електрична енергија од акумулациите – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека дневно комуницира со раководството на АД ЕСМ, а состојбите се поразлични од времето на ДУИ и СДСМ кога ЕСМ трупаше долгови.

-Оние долгови што беа својствени на владата на СДСМ и ДУИ, оние трансфери од буџетот 150, 200 милиони евра што завршуваа во фирми со сомнителни бизнис зделки во набавката на мазут, инстант компании што носеа јаглен од соседството по цена што беше 30 до 50% поскапа, се во минатото. Така што да бидат спокојни, АД ЕСМ не е таа кога беше владата на СДСМ и ДУИ. Ова е компанија којашто денеска продава на берза и заработува на дневна основа помеѓу 100 и 150 илјади евра – реле Мицкоски.

Во однос на ослободувањето мазут за ЕСМ рече дека има одлука од страна на Владата уште во декември и некаде околу 3.000 и 3.200 тони стојат на располагање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk