logo
logo
logo

Загрижен сум поради „БЕЛАТА ЧУМА“ во Македонија, се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети

Vecer | 06.07.2025

Загрижен сум поради „БЕЛАТА ЧУМА“ во Македонија, се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана.

Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

– Се извинувам на тие што погрешно ја продолкувале мојата иницијатива. Факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во државата. И факт е дека како претседател на владата, моја е одговорноста да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина, затоа што јас сум претседател на владата кој што исклучително длабоко се занимава со демографијата и демографските движења. Она кое што можам да го заклучам е дека ние тивко исчезнуваме и изумираме – истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека како премиер чувствува одговорност да зборува за демографските предизвици, потенцирајќи дека бројките се алармантни.

„Во 2016 година имавме 23.000 новородени, а во 2024 само 16.000 – тоа е пад од 30%. Кај браковите, од 13.300 во 2021, бројката во 2024 падна на 11.100, што е намалување од 17%“, посочи Мицкоски.

Според него, овие трендови не треба да се игнорираат, бидејќи населението „тивко исчезнува и тоа премолчено“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk