Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје.
Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата