logo
logo
logo

МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА ОСУМДНЕВНО БЕБЕ Следува истрага

Vecer | 12.12.2025

МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА ОСУМДНЕВНО БЕБЕ Следува истрага

Осумдневно бебе од Прилеп вчера било донесено на детското одделение во прилепската болница без знаци на живот. Бебето починало, а прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет и нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта.

„Во 8,35 часот на 11 декември е пријавено дека на детското одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе старо осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, соопштуваат од СВР Битола.

Од Основното јавно обвинителство го потврдуваат случајот и велат дека е отворен предмет, зашто родилката се породила во прилепската болница и по два дена на нејзино барање си заминала со бебето.

– За случајот бевме известени во 8,10 часот вчера изутрината. На детското одделение се обиделе да го реанимираат бебето, но било безуспешно. Наредив обдукција за да се утврдат причините за смртта на бебето. Побарана е целокупната медицинска документација за породувањето и за медицинскиот третман при раѓањето. По два дена од пораѓањето, родилката на нејзино барање била отпуштена. Ќе се врши вештачење. Во меѓувреме извршен е разговор со родителите и е направен увид во семејството“, вели основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

Семејството живее во периферната населба „Три Багреми“ во Прилеп и бебето било нивно трето дете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk