logo
logo
logo

Стојановски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Vecer | 31.08.2025

Стојановски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Тој истакна дека Владата го завршила и пуштила во употреба експресниот пат Градско – Дреново, при што завршила две делници од 25.7 километри експресен пат, во крајно брз рок.

Додаде дека се завршени и пуштени во употреба се 25.5 километри од експресниот пат Куманово – Крива Паланка.

– Пред нецели два месеци пуштени се во употреба 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, и дополнително се очекува наскоро да биде пуштена уште една делница, а до крајот на 2026 година ќе биде пуштен во употреба целиот пат. Засилено се гради низ цела Македонија, истакна Стојановски.

Тој додаде дека автопатот Тетово – Гостивар исто така треба да биде готов за две и пол години.

– Засилено се работи и на автопатот Прилеп-Битола кој се очекува да биде завршен и пуштен во употреба 2027 година. Во наредните три до четири години цела држава ќе биде испреплетена со автопатска мрежа и мрежа од експресни патишта. Македонија се трансформира. Промените на дело, истакна Стојановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk