logo
logo
logo

НАЈМАЛКУ СЕДУМ НОВИ МИНИСТРИ по реконструкција на сегашниот состав на владата

Vecer | 30.06.2026

НАЈМАЛКУ СЕДУМ НОВИ МИНИСТРИ по реконструкција на сегашниот состав на владата

Завршени преговорите за реконструкција на владата, и утврдени се кандидатите за нови министри со што се исполнети предусловите од утре за новиот состав на владата да решава Собранието.

Од позначајните минеистерства нови министри би требало да добијат следните рсори:

- Министерство за правда

- Министерство за здравство

- Министерство за култура

- Минситерство за земјоделие

- Министерство за локална самоуправа

- Министерство за односи со етнички заедници 

- Министерство за социјална политика

Сегашниот владин состав има 20 министерства, со вкупно 24 члена во кабинетот (вклучувајќи ги и министрите без ресор). Практично, се менува речиси една третина од владата.

Досегашниот директор на Фондот за здравство Сашо Клековски ќе го преземе Министерството за здравство во новата реконструкција на Владата. На негово место на чело на ФЗОМ дојде досегашниот министер за локална самоуправа, Златко Перински.

Нови министри ќе добијат Министерствата за правда, Министерството за култура и туризам и Министерството за односи меѓу заедниците, каде ќе отидат кадри од Вреди. Сегашниот министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ ќе го замени Перински, додека Министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски.

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир, кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството Борче Серафимовски.

Една од позначајните структурни промени е одлуката да не се именува потпретседател на Владата задолжен за добро владеење. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју на „Телма“ рече дека смета дека овој концепт е поефикасен доколку биде директно под ингиренции на неговиот кабинет.

Ценам дека како концепт би бил најпродуктивен доколку биде дел од мојот кабинет. Таму веќе имаме секретари задолжени за следење на реализацијата на програмата на Владата и за владините политики,“ истакна премиерот, додавајќи дека на овој начин се намалува бројот на членови на Владата, а се зголемува ефикасноста.

Мицкоски потврди дека се во тек интензивни преговори со Турската демократска партија (ТДП) за влез во владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија во моментов има еден пратеник во Собранието.

Разговараме за подолг период, стратешко партнерство кое би траело до локалните избори во 2029 година. Со ова дополнително ќе се зголеми владиното мнозинство, изјави Мицкоски.

На денешната седница на Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласан и нов претседател на Унијата на млади сили – Тодор Коневски, кого во партијата го сметаат за млад и перспективен човек со силна енергија.

Нова претседателка на Унијата на жени е владиниот портпарол, Марија Митева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk