Во Европа, речиси сите земји ѝ даваат право на својата дијаспора да гласа на национални и парламентарни избори, а се разликуваат само според модалитетите: гласање во амбасади, по пошта или онлајн и некои административните правила како гарантирани места за пратеници или присоединување на гласовите кон сите останати.
Според меѓународниот институт ИДЕА Земјите што им дозволуваат на граѓаните што живеат во странство да гласаат може да се поделат според методите на гласање:
Универзално гласање (лично во дипломатски мисии и по пошта): Австрија, Босна и Херцеговина, Данска, Исланд, Норвешка, Франција, Италија, Португалија, Шпанија, Хрватска, Словенија и Велика Британија.
Електронско гласање (е-гласање): Естонија е европска земја што дозволува онлајн гласање за своите граѓани ширум светот и, според искуствата во САД, Австралија и Канада, со примена на проверен метод така најсигурно се обебзедува лично гласање со потвредн идентитет.
Гласање со услов за престој: Некои земји, како што е Германија, дозволуваат гласање од странство само на граѓани кои претходно живееле во земјата одреден временски период, додека Унгарија дозволува гласање за сите граѓани што живеат надвор од земјата, но само по пошта а во фаза на разгледување е поштенското да се замени со електронско гласање со кое се потврдува идентитет.
Земји со ограничувања: Само Ирска и Словачка, не им дозволуваат на своите граѓани од дијаспората да гласаат на парламентарни избори (Ирска дозволува само дипломатски и воен персонал), иако правилата може да се разликуваат за претседателските избори.
Каква е состојбата со гласање на иселениците кај нас

Според проценките на домашните институции и експертски анализи, во странство живеат меѓу 500.000 и 700.000 иселеници со македонско потекло и државјанство, што претставува околу една третина од вкупното население.
Официјална централна евиденција за точниот број на активни пасоши во странство не постои, но според достапните податоци, дијаспората е најмногу концентрирана во следните земји:
Европа: Околу 220.000 луѓе со македонско потекло живеат во Германија, а бројни заедници има и во Швајцарија, Италија, Австрија и Шведска. Прекуокеански земји: Во Австралија има околу 200.000, во САД околу 500.000, а во Канада до 250.000 лица со македонско потекло.
На последните парламентарни избори во Македонија одржани во мај 2024 година, дијаспората не гласаше. Иако според Изборниот законик, во Собранието се резервирани три пратенички места за македонската дијаспора, овие мандати останаа празни.
Причината е што бројот на регистрирани иселеници во дипломатско-конзуларните претставништва не го достигна законскиот минимум потребен за организирање на гласањето во странство.
На претходните парламентарни избори (кои се одржаа во јули 2020 година), поради пандемијата со Ковид-19 и одлуките на Државната изборна комисија, гласање за дијаспората воопшто не се спроведе.
Последните парламентарни избори на кои македонските иселеници имаа можност да гласаат во странство беа оние во 2016 година. Од 230.122 запишани македонски иселеници во странство, пријава за гласање во амбасади и конзулати поднеле само гласале 20.573 или околу 9%. Од нив гласале само 5.044 во “изборна единица број 7“ со 3 пратеници во која победи ВМРО ДПМНЕ
Што се предлага во новиот изборен закон

Како што се гледа, голем проблем е создавање технички услови да гласаат иселениците од Македонија кои, според законските прописи, исполнуваат услови за тоа. Пред се немање доволно дипломатски и, особено, конзуларни претставништва ширум светот што, за држава од само 2 милиони луѓе, е невозможно и премногу скапо да се организира поинаку.
Но, од друга страна, законот им гарантира право на гласање на нашите иселници и, доколку нема физички услови за споредување на тоа нивно право, во современите услови државите овозможуваат други проверени начини законското право да се оствари - гласање по пошта или електронско гласање.
Државата има обврска кон гласачите, и таа не смее да се занемарува. Затоа, во измените на изборнаите правила се предлага гласање на иселениците (дијаспората) со современи модели кои се применуваат во демократските држави во Европа, САД, Канада и Австралија - електронско гласање.
Но, СДСМ и Левица тоа го одбиваат и се одбидуваат со блокирање да се запре спроведувањето. Патем, СДСМ и Левица на тој начин ИМ ОНЕВОЗМОЖУВААТ НА ГРАЃАНИТЕ ДА ГЛАСААТ иако законот им го гарантира правото, што е делување во сива зона на политиката за дело кое е - кривично дело.
Оневозможувањето гласање е кривично дело санкционирано според Кривичниот законик. Во зависност од начинот на извршување, предвидени се следните казни: Спречување на избори и гласање (член 158): Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин спречува одржување на избори/гласање, или го оневозможува утврдувањето и објавувањето на резултатите, се казнува со затвор од најмалку 3 години.
Де факто, практично, (а Де јуре, правно применливо) СДСМ и Левица оневозможуваат примена на современи мерки, веќе применети во демократските држави, за гласачите иселеници да гласаат согласно своите законски права, а државата да ја исполни својата обврска за право на гласање.
А ова се случува во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС и Левица дека заеднички го блокираат носењето на новиот Изборен законик, иако, претходно бил постигнат договор за неговата содржина.
На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека единственото барање на неговата партија било македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори, додавајќи дека ова првично било прифатено, но сега, според него, се блокира.
Манасиевски посочи дека Изборниот законик е дел од Реформската агенда и дека е подготвен согласно препораките и забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.
Тој ги повика СДС и Левица да предложат амандмани само за, како што рече, корекција на начинот на заокружување на гласачките ливчиња и постапката за поднесување приговори, а останатите амандмани да ги повлечат за Законикот да биде усвоен со консензус.
Според Манасиевски, блокирањето на законот може негативно да се одрази врз исполнувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, како и врз користењето на средствата од Планот за раст.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ќе продолжат со спроведување на реформите, оценувајќи дека тие се во интерес на државата и на граѓаните.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата