logo
logo
logo

Сиљановска-Давкова

Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

Vecer | 03.06.2025

Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

Претседателката и врховна командантка на македонската армија, Гордана Сиљановска-Давкова на армискиот полигон Криволак присуствуваше и се обрати на воената вежба „Брз одговор 2025“, на која учествуваат повеќе од 2200 војници од 9 држави.

- Испишувајќи уште една успешна страница во историјата на македонската армија, со вежбата, истакна таа – државата ја потврди својата определба да биде со земјите коишто го штитат мирот како врвен цивилизациски идеал. Додаде дека оваа вежба не е само демонстрација на воена моќ, туку манифест на солидарност, симбол на единството и потсетник дека само заедно можеме да им се спротивставиме на заканите коишто ги загрозуваат мирот и стабилноста.

Сиљановска-Давкова ја истакна посветеноста и стручноста на македонската армија, за која рече дека во време на глобални безбедносни закани е подготвена да дејствува рамо до рамо со сојузниците, во одбрана на слободата, достоинството и човековите права. Таа нагласи дека нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба.

Претседателката потенцираше дека со учеството на стотици македонски војници во најголемата воена вежба на овој полигон, државата уште еднаш потврди дека и покрај сите предизвици, стои цврсто на страната на мирот, безбедноста и заедништвото.

Во кусиот разговор со војниците, таа изрази задоволство од нивната професионалност демонстрирана на теренот и им се заблагодари на сојузниците за поддршката, помошта и за споделеното знаење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk