СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим.
СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на Белорусија, како што е Борче Марковски.
СДС на Заев и Филипче на Марковски му делеа милионски тендери, за кои денес тој е на обвинителна клупа, а Онишченко избега од Украина поради перење пари и корупција, за да Македонија и тогашната власт на СДС овој близок човек на Путин го прими со раширени раце.
Сличноста меѓу Марковски и Онишченко не води до ист заклучок, дека во времето на СДС, Заев и Филипче се негувале односи со луѓе кои се поврзуваат со кругови блиски до Путин и Лукашенко, а за кои постојат основани сомнежи за коруптивни шеми.
Оваа ненародна политика на СДС, Заев и Филипче треба да остане во минатото, а за националните предавства да се одговара“, вели Лефков.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата