logo
logo
logo

ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ГИ ДОБИ ПОСЛЕДНИТЕ КОРЕКЦИИ

Vecer | 31.03.2026

ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ГИ ДОБИ ПОСЛЕДНИТЕ КОРЕКЦИИ

Направивме прилично многу промени во законот за високото образование, затоа што сметавме дека се коректно предложени и дека ќе го подобрат текстот на законот, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа додаде дека предлозите за Законот за високото образование и за Законот за наука од вчера се поставени на ЕНЕР за разгледувањее и за коментари, а Законот за квалитетот на високото образование ќе биде поставен во текот на денов.

– На пример, прифативме да се намали бројот на трудови за втор и трет циклус на студии. Намаливме еден член од Владатаво Советот на универитетите, иако не беше неопходно и не се согласуваме дека тоа ја нарушува автономијата Советот. Дополнително, направиввме бројни други промени во однос на критериумите. На пример прифативме за општествено-хуманистичките науки така како што бараа наставниците, да биде релевантна базата „Scopus“. Не ја исклучивме „Web of science“, но, тие инсистираа да биде „Scopus“. Ќе биде „Scopus“. Дополнително, Националниот совет за високо образование ќе изработи друга база на списанија што, исто така, ќе се бодува при изборите – рече миннистерката Јаневска.

Значи, она што сметавме дека е коректно и дека не е злонамерно, сè е прифатено, и во овој момент наставниците имаат можност тоа да го видат, додаде таа.

– Исто така направивме и во Законот за наука. Повторно ќе можат сите засегнати страни да ги погледнат законите на ЕНЕР. Да видиме доколку има некоја драстична забелешка што би ја прифатиле, а потоа Законот ќе оди во владина процедура – рече министерката Јаневска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk