logo
logo
logo

СО МЕНУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИТЕ СЕ МЕНУВА И СОСТАВОТ НА ВЛАДАТА, а за тоа треба реконструкција

Vecer | 25.06.2026

СО МЕНУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИТЕ СЕ МЕНУВА И СОСТАВОТ НА ВЛАДАТА, а за тоа треба реконструкција

Согласно досегашната практика, по две години владата ќе има реконструкција, како на министерско ниво така и подолу. кон директори на големите јавни претпријатија.

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ.

- Понекогаш рекунстукцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години имале една форма, после две години имаат друга форма и логично е да владините коалициони партнери во овие две години да ги искатализираа сопствените приоритети онаму кај што можат најмногу да допринесат. Мислам дека оваа реконструкција ќе биде во тој дух, изјави Мицкоски.

Очекувам дека владата успешно да го заврши мандатот, вели премиерот.

- Секој од владините партнери има приоритети во одредени области, ќе има промена на ресори и во насока на тоа, ценам дека во следниот период оваа Влада, се разбира ако ја добие довербата од пратениците која планираме каква што треба да биде, дали ќе биде во рамките на онаа една третина или ќе биде повеќе очекувам успешно да го заврши својот мандат.

Но она што е многу важно, можам од денеска да кажам дека имаме стабилизирана и косолидирана состојба во државата, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk