logo
logo
logo

ЗАПРЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ, нема никаква гаранција дека се оригинални

Vecer | 20.08.2025

ЗАПРЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ, нема никаква гаранција дека се оригинални

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило управувано од косовски државјанин. По извршената контрола, Одделението за истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

-Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, кои биле во рефузна состојба, односно без оригиналното пакување, како и без соодветни дозволи и сертификати од надлежни институции. За да избегне царинска контрола, сторителот лековите ги наредил во редови и ги скрил меѓу патнички перничиња за врат, сместени во три картонски кутии, велат од Царинската управа.

Со ваквиот начин на транспорт, како што предупредуваат од  Царинската управа, се загрозува безбедноста на граѓаните, бидејќи лекови кои не се соодветно декларирани, складирани, транспортирани и без соодветни дозволи и сертификати можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето.

-По брзата реакција на инспекторите, кои работеа на случајот во текот на изминатото деноноќие, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија, од каде што е изречена мерка за одземање на лековите, истакнуваат од Царинската управа и додаваат дека ќе продолжат со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц на лекови и заштита на јавното здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk