logo
logo
logo

Мојсоска само за два месеца зела 162.000 денари од партиската каса

Vecer | 20.09.2025

Мојсоска само за два месеца зела 162.000 денари од партиската каса

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Јована Мојсоска, пратеничката од Левица и кандидат за градоначалник на општина Струга како и целото раководство на партијата, за, како што наведуваат, лицемерие и прикриено користење на партиски пари, спротивно на јавниот имиџ што го градат.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека додека Мојсоска и Левица јавно се претставуваат како „чесни, скромни и неподмитливи“, зад затворени врати инкасираат значителни суми на пари од партиската каса.

„Тие се целосно разобличени и демаскирани“, се наведува во денешното соопштение на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ се повикува на информација од свиркачи од Левица во која се тврди дека Мојсоска на 26 април 2024 година зела 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година – 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули годинава, во три наврати, таа зела по 54.000 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека  Мојсоска не е изолиран случај и дека целото раководство на президиумот на Левица посегнало по партиски пари.

„Нели е лицемерно,  од една страна да глумите некакви аскети, а од друга страна да ја цедите својата политичка партија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk