СДСМ, партијата која ја претвори државата во партиска играчка и го урниса правосудството на најниско ниво, последна има право да зборува за етика, интегритет и судир на интереси.
Наместо да одговараат за своите афери и за годините на корупција, тие денес држат лажни морални лекции за министерот за правда Игор Филков.
Ова е очаен обид на политички банкротирана партија која измислува „скандали“ таму каде што ги нема.
Да го наречеш академскиот развој и вложувањето во знаење – „злоупотреба“, е исто толку апсурдно колку што беше нивното владеење кое ја остави Македонија без правда и без доверба во институциите.
Да бидеме јасни: магистерскиот труд на министерот Филков не претставува судир на интереси, туку е доказ за посветеност, за професионализам и за волја да се надградува знаењето во сферата во која што дава најголем придонес и во која делува.
СДСМ зборува за „кражба на труд“, а токму тие со години ги крадеа институциите и иднината на повеќе генерации.
Тие зборуваат за „етика“, а токму нивните министри беа симбол на корупција, непотизам и непрофесионалност. Токму за нивните професорски кадри се множеа кривични пријави,а за некои немаме ни разрешница.
Тие зборуваат за „интегритет“, а целиот народ гледаше како со години ја злоупотребуваа државата за лични и партиски интереси.
Движење ЗНАМ за Наша Македонија стои цврсто зад министерот Игор Филков.
Филков е симбол на тоа каков треба да биде еден јавен функционер – образован, професионален и подготвен да ја користи науката за доброто на државата.
Она што СДСМ го нарекува „скандал“ е всушност пример кој треба да се следи.
Граѓаните одамна ја препознаа ароганцијата и лицемерието на СДСМ. Ние, како Движење ЗНАМ за Наша Македонија, се залагаме за знаење како темел на секоја реформа, за интегритет како услов за вистинска правда и за работа во интерес на сите граѓани на Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата