logo
logo
logo

ФОТОГАЛЕРИЈА: Целосно реновирани управните служби во зградата на МРТВ

Vecer | 10.06.2025

ФОТОГАЛЕРИЈА: Целосно реновирани управните служби во зградата на МРТВ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со раководството на Министерството го пушти во употреба реконструираното Одделение за управни работи – Скопје кое се наоѓа во зградата на МРТВ.

На настанот на кој присуствуваше и претседателот на Владата проф.д-р Христијан Мицкоски, министерот Панче Тошковски образложи дека Одделението за управни работи е во надлежност на Министерството внатрешни работи и нуди најголем дел услуги за граѓаните, а неговата реконструкцијата која почна кон крајот на месец октомври минатата година беше една од стратешките планови на ова раководството на МВР со цел граѓаните да добиваат брзи и ефикасни услуги кои ги плаќаат и ги заслужуваат.

„Веќе нема да има хаос, неред и граѓани со нарушено достоинство кога е потребно да се извади личен документ или било која услуга која ја дава овој Оддел. Целта на реконструкцијата е граѓаните да имаат можност за брзи и ефикасни услуги, да го штедат своето време и сето тоа да биде на достоинствен начин како што заслужува секој македонски граѓанин. Со реконструкцијата и реновирањето засега опфатени се 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните, реконструирана е големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и други, како и услуги од областа на возилата“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Тошковски истакна дека заедничкиот простор кој е наменет и за граѓаните и за вработените е опремен на начин кој ќе овозможи секој граѓанин да се чувствува пријатно за времетраењето на давањето или чекањето на конкретната услуга.

Во реконструкцијата во оваа фаза се реконструирани и 15-на канцеларии за вработените, санитарните чворови, инсталиран е целосно нов централен систем за ладење и греење и извршено е целосно сервирање на надворешните окови, во насока објектот да биде што повеќе енергетски ефикасен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk