logo
logo
logo

НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ - Кривична пријава за Фатмир Дехари

Vecer | 25.11.2025

НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ - Кривична пријава за Фатмир Дехари

Полицијата во Кичево му поднесе кривична пријава на поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари поради „Несовесно работење во службата“, по член 353 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Дехари во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.

Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

FacebookTwitterCopy LinkShare

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk