logo
logo
logo

Подготовки за НАТО Самитот и поддршка за Украина - МИСАЈЛОВСКИ Е ВО БРИСЕЛ

Vecer | 04.06.2025

Подготовки за НАТО Самитот и поддршка за Украина - МИСАЈЛОВСКИ Е ВО БРИСЕЛ

Во пресрет на претстојниот Самит на лидери на НАТО закажан за 24 и 25 јуни, министерот за одбрана Владо Мисајловски денес и утре престојува во Брисел каде ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО.

Утрешниот министерски состанок е продолжение на подготовките за Самитот на НАТО и на истиот е предвидено да се разговара за новите Цели на способност во насока на зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на инвестициите наменети за одбрана, поддршката за Украина и нуклеарно одвраќање.

Попладнево министерот Мисајловски ќе учествува на 28-от состанок на Контакт групата за Украина, кој се одржува во организација на секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хејли и министерот за одбрана на Сојузна Република Германија, Борис Писториус.

- Денес и утре во Брисел учествувам на серија состаноци во рамки на Состанокот на министри за одбрана на НАТО, посветен на претстојниот Самит на НАТО во Хаг и на прашања во однос на актуелните предизвици со кои се соочува Алијансата. Македонија, како полноправна членка на НАТО и важен сојузник во регионот, ја носи својата улога сериозно, учествувајќи во иницијативи, мисии и операции кои придонесуваат за одржување на стабилноста и безбедноста. Нашиот став е јасен: солидарност, мир и поддршка за демократските вредности, објави Мисајловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk