logo
logo
logo

Трајановски не е промена за СДС, треба оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев

Vecer | 16.11.2025

Трајановски не е промена за СДС, треба оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски.

Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС.

Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека за СДСМ едно е јасно – промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче.

Се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите,  забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.

И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти и вили заедно со Филипче и Заев.

Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk