logo
logo
logo

УВЕЗУВАЛЕ МЕЛЕНО МЕСО ОД ПАРАГВАЈ! Вратено е од граница

Vecer | 22.03.2026

УВЕЗУВАЛЕ МЕЛЕНО МЕСО ОД ПАРАГВАЈ! Вратено е од граница

Агенција за храна и ветеринарство спречи влез на околу 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар, откако инспекциските служби открија сериозни неправилности кај две пратки на граничниот премин Ќафасан.

Станува збор за 27 тони мелено говедско месо од Парагвај, за кое било утврдено дека потекнува од објект што не е одобрен од Агенцијата. Поради тоа, пратката не ги исполнувала основните безбедносни стандарди за увоз и постоел ризик за здравјето на потрошувачите.

Од Агенција за храна и ветеринарство велат дека одлуката е донесена по детална проверка на документацијата и податоците во нивниот информативен систем.

Количините кои требало да се увезат потекнуваат од објект кој не е одобрен, со што не се исполнети условите за безбедност на храната и постои сомнеж за нејзина здравствена исправност – информираат од АХВ.

Покрај месото, инспекторите спречиле увоз и на 22 тони ореви од Казахстан. Причина за забраната биле неправилности во означувањето и отстапувања од пропишаните критериуми за квалитет и безбедност. Целата пратка е вратена во земјата на потекло и не е дозволен нејзин пласман во земјава.

Од АХВ најавуваат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување небезбедни производи.

Апелираме до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи и стандардите. Здравјето на граѓаните останува наш врвен приоритет – додаваат од Агенцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk