logo
logo
logo

Доказ на рочиштето за „Пулс“: ЛИЦЕНЦАТА ОД 2012 БИЛА ЗА ДРУГ ОБЈЕКТ И ДРУГА ЛОКАЦИЈА

Vecer | 28.05.2026

Доказ на рочиштето за „Пулс“: ЛИЦЕНЦАТА ОД 2012 БИЛА ЗА ДРУГ ОБЈЕКТ И ДРУГА ЛОКАЦИЈА

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Обвинителството продолжи со изведување материјални докази, при што беше презентирана лиценца издадена во 2012 година од Министерството за економија.

Одбраната побара во судницата да се прочита делот од лиценцата во кој е наведено за кој објект, за која дејност и за која локација е издадена, објави Булевар.

Од презентираниот доказ произлезе дека лиценцата не била издадена за објектот каде што се случи трагедијата, туку за сосема друг угостителски објект, на друга адреса, на улица „Димитар Влахов“ бб во Кочани. Објектот каде што се случи пожарот е на друга адреса, на улица Крижеска.

Со тоа, на денешното рочиште беше отворена клучна фактичка околност: лиценцата што беше изведена како доказ не се однесувала на објектот „Пулс“ на локацијата каде што се случи трагичниот настан.

Според документот, лиценцата била издадена за вршење угостителска дејност кабаре, а не за дискотека, и имала важност од една година од денот на издавањето.

Одбраната посочи дека ова е значаен момент за понатамошниот тек на постапката, бидејќи документот се однесува на друг објект, друга адреса и друг временски период и со ништо не се поклопува со постапката за објектот каде што се случи пожарот.

Клучниот впечаток што произлезе од денешното рочиште е дека лиценцата за „Пулс“ не била лиценца за дискотеката „Пулс“ како објектот во кој се случи трагедијата, туку за друг објект во сосема друг дел од Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk