logo
logo
logo

ОДБЛИСКУ ГО СЛЕДИМЕ РАЗВОЈОТ ОКОЛУ СЛУЧАЈОТ „МАЗУТ“ - Има нови моменти, но да не навлегуваме

Vecer | 28.05.2026

ОДБЛИСКУ ГО СЛЕДИМЕ РАЗВОЈОТ ОКОЛУ СЛУЧАЈОТ „МАЗУТ“ - Има нови моменти, но да не навлегуваме

Има нови моменти, но да не навлегуваме, за да не се наруши случајот и да се остави на судовите да го кажат последниот збор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Мазут“, за кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ја сопре истрагата поради недостиг на докази.

– Одблиску го следиме случајот и сето тоа што е поврзано со тој случај. Нашиот став како Влада јасно беше соопштен. Има жалба на одлуката на Обвинителството од страна на компанијата ЕСМ. Тоа што го знам е дека случајот е прераспределен во рамките на Вишото јавно обвинителство. Не би сакал да коментирам повеќе, за да не бидам погрешно сфатен дека како Влада влијаеме врз одлуките и на Обвинителството и на судството. Но, она што е значајно е дека не само јавноста, туку и ние одблиску го следиме тој случај. Министерот за внатрешни работи имаше едно интервју на кое што кажа дека има нови моменти, има нови докази. Да не навлегуваме, за да не го уништиме случајот. Да почекаме Обвинителството, а потоа доколку се оформи судски процес, и судовите да го кажат последниот збор – рече премиерот Мицкоски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна најави нови докази во врска со предметот „Мазут“ и дека јавноста ќе биде шокирана.

Истражната постапка за сомнеите за злоупотреби при набаквите на мазут за ТЕЦ Негодино траеше повеќе од една година, а пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ ја затвори поради недостиг на докази. Во предметот се осомничени 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, потоа и екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и други, за злоупотреба на службената положба и за перење на пари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk