logo
logo
logo

Започна реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола

Vecer | 17.06.2025

Започна реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола

Со вкупна вредност од 96.000.000 денари започна реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.

„Денеска присуствував на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.

Со вкупна вредност од 96.000.000 денари, проектот претставува значајна инвестиција во културниот развој на нашиот град, а неговата реализација е планирана да заврши до декември 2026 година.

Со вакви проекти продолжуваме да градиме посилна културна инфраструктура и да ја враќаме Битола на мапата на значајни културни центри во државата,“ објави премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk