logo
logo
logo

ЌЕ ИМА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ЗА СИТЕ ВО СКОПЈЕ, е вест која се чека со децении

Vecer | 26.02.2026

ЌЕ ИМА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ЗА СИТЕ ВО СКОПЈЕ, е вест која се чека со децении

Инвестициите коишто или се почнати или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИР Зони изнесуваат околу 650 милиони евра, тоа се 17 проекти коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места, а во делот на извозот се очекува да го зголемат за околу 2 % од БДП, поточно во вредност од околу 400 милиони долари дополнителен извоз на почетокот, што би достигнало до една милијарда евра. И тоа се инвестициите во ТИР зоните“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања, додавајќи дека инвестиции има и вон зоните.

Мицкоски најави дека наскоро ќе почне да се гради ветерниот парк, инвестиција на компанијата Алказар, откако деновиве ќе го добие одобрението за градба.

„Очекувам само оваа година да имаме нови 150 милиони долари, бидејќи тоа не може да се случи за неколку месеци, изградбата ќе трае неколку години, а очекувам неговата целосна функционалност да биде на почетокот на 2028 година. Тој ќе влегува во мрежа постепено и во 2027 година но неговата целосна, 100% сила ја очекувам на почетокот на 2029 година“, посочи Мицкоски.

Одговарајќи за инвестициите во енергетиката, Мицкоски се осврна и на проектот потпишан со компанијата АКСА за изградба на две, односно потенцијална трета когенеративна гасна централа, една во Скопје, една на половина пат меѓу Гостивар и Тетово, и една потенцијално кога ќе се однесе гас кон Кичево и да се трансформира ТЕЦ Осломеј со тоа што покрај парна турбина, да има и гасна турбина, со што ќе се добие целосната физиономија.

„Таа физиономија е нова една милијарда долари инвестиција којашто ќе биде важна за граѓаните но истовремено ќе значи и централно затоплување на делови на градот Скопје коишто во моментот немаат таков тип на затоплување, што е многу важно затоа што ќе влијаеме и на животната средина, но и на друг тип на параметри.

Во Скопје веќе се работи за инвестицијата, Општина Кисела Вода и градот Скопје заедно со Министерството за енергетика рударство и минерални суровини, веќе работат на овој проект заедно со ЕСМ.

Се развива методологијата како треба да се заврши и цениме дека ова година сите тие контури ќе бидат затворени и ќе почнеме со негова имплементација“, објасни премиерот Мицкоски на собраниска седница за пратенички прашања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk