logo
logo
logo

ПО НАСОКА НА ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ СЕ СРЕТНАЛ СО МИЛЈАН ШЧЕКИЌ ВО НИШ, а со Башановиќ во Грција

Vecer | 25.03.2026

ПО НАСОКА НА ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ СЕ СРЕТНАЛ СО МИЛЈАН ШЧЕКИЌ ВО НИШ, а со Башановиќ во Грција

По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Зоран Заев – Башановиќ во Грција, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција.

-Како што си ги постави Ковачевски, па Филипче за претседатели на СДС, Зоран Заев си го постави и неговиот екс советник Башановиќ за шеф на ПР тимот во СДС, заедно со неговиот соработник Милјан Шчекиќ. Човекот кој е со контроверзно минато, избркан од сопствената партија и полн со сомнителни зделки во енергетиката и вклучен директно или индиректно во промената на името на државата Македонија, со име и презиме Зоран Башановиќ, сега го советува СДС и Филипче за нивните настапи во јавноста – вели Манасиевски.

Според него, односот кој Филипче и СДСМ го имаат спрема јавноста напишани во соопштенија или изговорени на прес-конференции, е директно по насока на Башановиќ и Шчекиќ, односно луѓето кои Зоран Заев ги најмил да му помогнат на СДСМ.

– Случајно или не, тие делуваат како прокси партија, а сето тоа поминува забележано од граѓаните кои сѐ повеќе и повеќе не му веруваат на СДС и не му веруваат на Филипче. На граѓаните веќе им е јасно кој стои зад овие лоши ПР политики на СДС и кој ги води во пропаст. Лица кои јавноста не ги памети по добро, туку по афери, скандали и криминали. Но, СДС не успева да извлече поука, туку СДС продолжува да тоне во сопствената кал – заклучува Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk