logo
logo
logo

“И ДА СУМ СЕ СРЕТНАЛ СО ГРУЕВСКИ ТОА БИ БИЛО СЛУЖБЕНО“, а дали било е тајна, вели Османи

Vecer | 01.09.2025

“И ДА СУМ СЕ СРЕТНАЛ СО ГРУЕВСКИ ТОА БИ БИЛО СЛУЖБЕНО“, а дали било е тајна, вели Османи

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на општо изненадување на новинарите, денеска одби да ја негира шпекулацијата дека имал средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.

Кога беше директно прашан за ова, Османи одлучи да се скрие зад објаснувањата за „државни тајни“ и „класифицирани“ информации. Албански медиуми заклучуваат дека на тој начин Османи индиректно признавал дека таква средба се случила во времето кога тој ја извршувал функцијата министер за надворешни работи.

Новинарот јасно го прашува:

– Дали имало или немало средба меѓу Бујар Османи и Никола Груевски?

На ова, Османи дал збунувачки одговор:

Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да се откријат. Дури и да имало нешто такво, тоа ќе било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи – рече Османи.

Оваа изјава на Османи, прочитана меѓу редови, е јасно признание дека имал средба со Никола Груевски во Унгарија, факт што фрла сериозни сомнежи за неговите и политичките врски и игри на ДУИ, коментираат албански медиуми.

Наместо отворено да каже „не, немав состанок“, Османи се обиде да го релативизира скандалот, ставајќи го под маската на „службена должност“, изговор што отвора уште повеќе прашања.

Оваа изјава сериозно ја компромитира неговата кандидатура за претседател, истакнувајќи ги сомнителните врски на опозициската ДУИ со лица во бегство, како Никола Груевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk