logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ НАЈАВИ ДЕБАКЛ НА ИЗБОРИТЕ со новите предлог кандидати за градоначалници

Vecer | 02.07.2025

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ НАЈАВИ ДЕБАКЛ НА ИЗБОРИТЕ со новите предлог кандидати за градоначалници

СДС вечерва со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите,тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

-Кандидатите на СДС се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев луѓе кои се претходни градоначалници кои ги опустошиле општините или пак луѓе кои се поставени за Филипче и Заев да си ги задоволат своите блиски луѓе.

Еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и работи за неговите интереси. Даскаловски е човек кој заедно со Заев бркале и исклучувале од струја цели ромски семејства ако не гласале за нив!

Овие луѓе се синоним за неспособност, криминал и корупција.

Овие луѓе не се нови кадри, туку се стари и истрошени кандидати кои се верни на Заев и Филипче.

Овие луѓе не се иднината на општините. На локалните самоуправи им требаат чесни, работливи и искрени луѓе кои ќе работат за своите граѓани, а тоа не се овие кандидати на СДС, велат во вечерашното соопштение од владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk