logo
logo
logo

Ќе има “нова“ брза помош: НАМЕСТО ЛЕКАРИ ВО ВОЗИЛОТО ЌЕ ВЕ ЧЕКА ПАРАМЕДИКАЛ ПЕРСОНАЛ

Vecer | 20.06.2026

Ќе има “нова“ брза помош: НАМЕСТО ЛЕКАРИ ВО ВОЗИЛОТО ЌЕ ВЕ ЧЕКА ПАРАМЕДИКАЛ ПЕРСОНАЛ

Возилата на Итната медицинска помош во Македонија наскоро целосно ќе го променат својот состав. На местото на лекарите, кои со децении беа дел од теренските екипи, доаѓаат парамедици – стручен кадар кој ќе се школува преку наменски тригодишни студии, најави министерот за здравство во своето последно интервју во емисијата „Ноќно Студио“.

Оваа радикална реформа има за цел да го реши клучниот дефицит од медицински кадар во болниците, но и да го доближи македонскиот здравствен систем до светските и европските стандарди, објави 4news.mk

Ништо не размислуваме од нула, туку едноставно превземаме добри практики од земјите. Во светот веќе не можете да видите доктор којшто работи во Брза помош. Затоа воведуваме парамедици, со цел докторите да одат во здравствените институции, на специјализации и супспецијализации каде што се најпотребни“, изјави министерот.

Парамедиците ќе бидат професионалци обучени со специфични тригодишни студии, целосно фокусирани на брза реакција, тријажа и нудење на примарна здравствена грижа и прва помош за време на транспортот на пациентот од неговиот дом или од местото на несреќата до најблиската болница.

Моменталниот систем на Итна помош налага секоја екипа на терен да биде составена од доктор, медицинска сестра и возач. Сепак, анализите на Министерството за здравство покажуваат дека ваквиот модел е неодржлив поради огромниот дефицит на лекари во јавно-здравствените институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk