logo
logo
logo

По 4 мандати како градоначалник на Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, ЖИКА СТОЈАНОВСКИ СЕГА Е КАНДИДАТ НА СДСМ

Vecer | 12.09.2025

По 4 мандати како градоначалник на Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, ЖИКА СТОЈАНОВСКИ СЕГА Е КАНДИДАТ НА СДСМ

Поранешниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски повторно ќе ја бара довербата на жителите, овојпат како кандидат за градоначалник на СДСМ.

Претходно, тој беше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во четири мандати, а на минатите избори беше независен кандидат.

СДСМ, освен Стојановски, објави уште дека утврдил упте тројца кандидати на вчерашната седница на Извршниот одбор.

Едис Хасан е кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, Игор Христов е кандидат за градоначалник на Кочани, а Исуф Синани е кандидат за градоначалник на Долнени.

„Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата. Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини“, соопшти СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk