logo
logo
logo

БЕГАЛ НА ВОДНО: Уапсен несовесниот возач кој прегази 79-годишна жена и избега

Vecer | 03.11.2025

БЕГАЛ НА ВОДНО: Уапсен несовесниот возач кој прегази 79-годишна жена и избега

Возачот кој синоќа ја прегази 79-годишна жена во центарот на Скопје е уапсен. Несреќата се случила на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, кога џип марка фолксваген Тигуан со голема брзина удрил во постарата жена, а потоа го напуштил местото на настанот.

Полицијата веднаш започнала потрага и по неколку часа, возилото и возачот биле лоцирани на патот кон Средно Водно.

„Лицето е пронајдено и лишено од слобода. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала по пешачкиот премин кога џипот ја удрил, а возачот без двоумење избегал.

„Сцената беше ужасна, луѓето трчаа да ѝ помогнат, а тој едноставно избега“, изјави една скопјанка која го снимила настанот и видеото го објавила на социјалните мрежи.

Повредената жена е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Според сведоци, благодарение на брзата реакција на минувачите и Итната помош, животот ѝ бил спасен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk