На вечерашниот извршен одбор на СДСМ за потпретседатели се избрани Александар Трајановски и Јована Тренчевска, за организациски секретар Љупчо Фармаковски, а генералниот секретар останува Александар Саша Димитријевиќ.

„Ова е тим кој влегува во одлучна борба со криминогената власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Ја шириме платформата, повикуваме граѓански организации, независни платформи, слободоумни граѓани. Вечерва објавуваме фронт и се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на националното предавство со проектот за прием на мигранти“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Дел од членовите кои се избрани во Извршен одбор се Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Симона Цветановска, Рената Младеновска, Петар Огненовиќ, Андреј Жерновски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата