logo
logo
logo

НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА МАКЕДОНСКИ БРОД ЈА ПОВЛЕКУВА СВОЈАТА КАНДИДАТУРА

Vecer | 23.10.2025

НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА МАКЕДОНСКИ БРОД ЈА ПОВЛЕКУВА СВОЈАТА КАНДИДАТУРА

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека е време за обединување и ставање крај на поделбите.

„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура.

Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми.

ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија – партија на која ѝ го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па сè до денес.

Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.

Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент.

Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена“, напиша Војнески на Фејсбук.

Со тоа, единствен кандидат кој останува во вториот круг на изборите во Македонски Брод е Жарко Ристески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk