Три големи пожари, за само пар дена, во викенд на три локации кои како да се одбрани да има најголем степен на загадување и најтешки за гаснење и тоа само во Скопје... премногу е за да биде случајно, или спонтано. Сомневањата за намерно палење се сосема основани, останува да се утврдат сторителите и, можеби, кој стои зад нив.
Летово можевме да видиме колкав голем број од пожатрите беа подметнати. И снимени сторители, упасени луѓе кои допрва ги чека судење и утврдување на мотивите што дава дополнителен основ за сомневање дека и во овие три пожари не се спонтани.
Кога Венко Филипче зборува за „молк на институциите“, тоа звучи како лоша шега. Човекот кој како министер дозволи здравствениот систем да колабира, кој не обезбеди кислород во болниците и кој ги остави граѓаните без заштита во најтешките моменти, денес држи лекции за одговорност и грижа за здравјето, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните многу добро паметат дека токму во времето на СДС и Филипче Македонија се претвори во најзагадена точка во Европа, без план, без стратегија и без резултат. Фабриката за акумулатори во Трубарево и дивите депонии не паднаа од небо, тоа е наследство на криминалните политики на СДС и ДУИ.
Денес институциите реагираат одговорно и ќе излезат со прецизни информации, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот. Но уште еднаш се поставуваат прашањата:
1. Како тоа баш пред избори почнуваат да „горат“ фабрики и депонии?
2. Дали зад тоа стојат организирани структури блиски до поразената власт кои сакаат да создадат хаос и страв кај граѓаните?
Наместо Филипче да им држи предавања на скопјани, подобро е да им се извини за сето сторено во неговото време и за сите здравствени, еколошки и национални порази.
Вистинската еколошка катастрофа и вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се викаат СДС и ДУИ
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата