logo
logo
logo

Вечер Анализа

Кој и како сака ОД ОГНОТ ВО КОЧАНИ ДА ГОРИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, од туѓа смрт да гради враќање на СДСМ и ДУИ

Vecer | 08.06.2025

Кој и како сака ОД ОГНОТ ВО КОЧАНИ ДА ГОРИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, од туѓа смрт да гради враќање на СДСМ и ДУИ

Под организација и контрола на “невладините“ на СДСМ во Кочани помала група роднини и пријатели на починатите во трагедијата со пожарот по целосно позната шема на “шарените“ која се спроведува според напатствијата од Прирачникот за протести на организацијата за државни удари Канвас од Белград, тие “невладини“, користејќи ги емоциите и состојбата на засегнатите луѓе, туркаат целсосно политичка програма за соборување на актуеланата влада, и целосна власт.

Позадината на протестите е обид за политичка заработка од туѓи трагедии, веќе видена во протести на “невладините“ за потреби на СДСМ со трагедијата на Смилковско езеро, загинувањето на младиот Нешковски од Скопје чиј убиец беше по изборите посетен во затворот од страна на тогашниот премеир Зоран Заев и љубезно се сликаа пред новинарите... Не, немаше протести од канвас “шарените“ по пожарот во тетовската болница, загинувањето над 50 лица при пожарот во македонски автобус во Бугарија кој возел без лиценца... и низа други. Немаше, затоа што тогаш нивниот СДСМ беше на власт. 

Нема протести ни против Обвинителството кое ја води истрагата за Кочани, и едниствено тие имаат законска моќ да усмеруваат истрага, бараат апсења, собираат и анализираат докази и документација. Само тие, ни министерот за внатрешни, ниту премиерот ни престедателката кои немаат никакви ингеренции врз истрагата. Не протестираат затоа што најголем дел од сегашното обвинителство е и поставувано, и компромитирано од покривање корупции на СДСМ и ДУИ.

И покрај сето тоа, јасно и прецизно, се бараат оставки од министерот за внатрешни работи Тошковски, од премеирот Мицкоски па и од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Тоа е веќе политичко барање за пад на избрана власт и замена со власт која не победила на избори.

Сосема нескриено “невладините“ од СДСМ сакаат да се тргне вниманието од истрагата, од фактите, да се усмери гнев кон извршната власт, и да се заборави за одговорноста на нивните функционери од СДСМ и ДУИ кои дале дозвола без законски услови дискотеката да работи. Сосема нескриено низ емотивни тензии да предизвикаат преврат, промена на власта, и туѓата смрт да биде повод за враќање на СДСМ и ДУИ во удобноста на функционрските фотељи. 

Согласно Прирачникот за протести на Канвас, деновиве гледаме раализација по сите шеми и упатства од таа книга: Се користат емоции а не факти, се обвинува власта а не се кажува конректно за што за да нема одговор на обвинувањата. Се користи највулгарен речник и изрази за да нема одговор од институциите бидејќи тоа е ниво кое не е е можна дебата и комуникација. Се кинат или палат слики и документи на владеачки личности за да се изврши нивно визуелно јавно понижување а докаже моќ на тие што протестираат дека никој ништо не им може... Тоа е Канвас шемата.

Видено веќе на сите протести во Србија, во Унгарија, во Сирија, во Македонија, во Бугарија, во Либија, во Украина, во Грузија... секаде каде штабот на Канвас стои зад демонстрации и обиди за државни удари. А Канвас за тој менаџменет е секогаш платен, не работат волонтерски.

Последен “говорник“ на тие протести од Кочани беше лице чиј син бил дел од музичката група која настапувала вечерта во Кочани, и кој не преживеал. Немаше погрден, уличарски збор кој не беше употербен од негово обраќање до премиерот. Но, ако се види снимката од пожарот која ја има по сите портали и на Јутјуб секој сам може да донесе суд од каде, и од кого тој започнува. И сам да извлече заклучок за говорникот. И да почека завршување на истрагата од обвинители врз кои оваа власт нема ама баш никакво влијание, напротив - тому оваа власт и нивни симпатизери се прогонувани од тие обвинители, за да се види кој е виновен: од процедура и постапка, преку корупција, контрола на работењето на објектот, до финалното палење оган во затворен простор после кој пожарот започнува. 

Се врши напад токму врз институциите кои треба да им помогнат на преживеаните а повредени лица, и врз институциите кои според јавните оценки на европски држави и на НАТО добија највисока оценка како се однесувале во таа катастрофа, и како успеале да обезбедат најмала можна штета по настанот, да спасат животи на десетици сериозно повредени лица од пожарот.

Во врска со политичката злоупотреба на овој настан, и начинот како тоа се спроведува, спомна и премеирот Мицкоски кој, и како пртеседател на ВМРО ДПМНЕ, денес говореше на 34. Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

-Сакам да се осврнам и на познатата стратегија на СДС да ги злоупотребува сите колективни или индивидуални несреќи и да создава политика од нив, рече Христијан Мицкоски во своето обраќање .

Премиерот Мицкоски потенцира дека сака да предупреди за скриената и се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани.

-Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на жртвите од Кочани ќе видете како говорат за катни гаражи, водоводи канализации, исполнети неисполнети ветувања и се така во духот на локалните избори, рече тој.

-А јас нема да дозволам на грбот на напатениот народ да прават политика и безобразно да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град. За Кочани не се помага со прес конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста, потнцира Мицкоски.

-Што се однесува до владината поддршка за Кочани таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интензивно работам на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани. Со тоа што драматично ќе се подобрат условите за живот. Деталите за овој проект на кој интензивно работат очекувам да ги соопштам многу брзо откако ќе бидат финализирани сите детали, додаде Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk