logo
logo
logo

Мицкоски: СЕ СЛУЧИ ЕПОХАЛНО НЕВРЕМЕ, ЌЕ ИМА ПОМОШ ЗА ОШТЕТЕНИТЕ

Vecer | 22.07.2026

Мицкоски: СЕ СЛУЧИ ЕПОХАЛНО НЕВРЕМЕ, ЌЕ ИМА ПОМОШ ЗА ОШТЕТЕНИТЕ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови и претпријатија излегоа на терен и ги санираа штетите.

-Санацијата по епското невреме продолжува и денеска. Штетите ќе се констатираат и согласно закон и искуство од минатото, ќе биде од страна на надлежните институции сето тоа рефундирано, посочи премиерот.

Додаде и дека Владата има механизми за помош, како и во секоја елементарна непогода.

Во вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 лица (вкупно од Ургентен клинички центар и Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”). Оштетувања се регистрирани на објекти од витално значење за државата.

Во вчерашното невреме, како што информираше МВР, од јавните објекти оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk